Уште едно големо повлекување средства од домашните банки во државниот буџет се случи вчера, преку двете аукции на кои државата се задолжи на домашниот пазар. Владата позајми 132 милиони евра, повеќе отколку што најави дека ќе бара неколку дена претходно, односно 118 милиони евра. Веќе денес таа треба да врати 135 милиони евра, од доспеани хартии од вредност од претходни задолжувања. Вчера се одржаа две аукции на тримесечни државни записи. На првата беа собрани близу 45 милиони евра, за кои државата ќе плати каматна стапка од 3,6 отсто. Преку втората аукција државата дојде до нешто повеќе од 87 милиони евра, за кои ќе се пресмета каматна стапка од 3,65 проценти.
Уште едно големо повлекување средства од домашните банки во државниот буџет се случи вчера, преку двете аукции на кои државата се задолжи на домашниот пазар. Владата позајми 132 милиони евра, повеќе отколку што најави дека ќе бара неколку дена претходно, односно 118 милиони евра.
Веќе денес таа треба да врати 135 милиони евра, од доспеани хартии од вредност од претходни задолжувања.
Вчера се одржаа две аукции на тримесечни државни записи. На првата беа собрани близу 45 милиони евра, за кои државата ќе плати каматна стапка од 3,6 отсто. Преку втората аукција државата дојде до нешто повеќе од 87 милиони евра, за кои ќе се пресмета каматна стапка од 3,65 проценти.
Ова ќе го намали нето-задолжувањето на домашниот пазар по основ на државни хартии од вредност за 3 милиони евра. Државната агенција МИА вчера информираше дека „на овој начин „Министерството за финансии излегува во насока на барањата на стопанството за подобрување на ликвидноста во услови на европска економска криза“, како и дека „во таа насока, Министерството од почетокот на годинава ја намали и каматната стапка на државните записи за 0,3 процентни поени“.
Според некои од експертите, пак, вчерашното задолжување на голема сума покажува дека државата од почетокот на годинава продолжува да го користи за финансирање домашниот пазар, иако најави дека буџетскиот дефицит ќе се покрива главно преку странски кредити.
Во тој контекст повторно се наметнува прашањето за средствата од најновото странско задолжување кај Дојче банк во износ од 250 милиони евра. „Утрински весник“ вчера пак праша во Министерството за финансии дали се дојдени во земјава тие пари и евентуално кога се легнати, но не доби одговор до затворањето на овој број од весникот.
Инаку, според најновите податоци, јавниот долг на земјава на крајот на минатата година достигна 32,1 отсто од БДП, највисоко ниво од крајот на 2006 година. Особено голем е порастот на внатрешниот долг, кој се искачи на 932 милиони евра.